Семејно право

Развод на брак во Македонија — Што треба да знаете

Goran Nikolovski

Разводот на брак е една од најтешките одлуки во животот. Покрај емотивниот товар, процесот вклучува и низа правни прашања кои мора да се решат — од поделба на имот до старателство над деца. Во овој текст ги објаснуваме основните работи што треба да ги знаете доколку размислувате за развод во Северна Македонија.

Два вида развод

Во македонското право постојат два вида развод:

  • Спогодбен развод — Двајцата сопружници се согласуваат за разводот и за сите клучни прашања (имот, деца, алиментација). Ова е побрз и поедноставен процес кој обично трае 1-3 месеци.
  • Спорен развод — Кога едната страна не се согласува или постојат неразрешени прашања. Овој процес може да трае и повеќе од година дена и вклучува судски постапки.

Поделба на имот

Имотот стекнат за време на бракот се смета за заеднички имот и се дели рамноправно помеѓу сопружниците. Имотот што еден од сопружниците го имал пред бракот или го добил како подарок/наследство останува негов лична сопственост.

Важно е да знаете дека поделбата може да се договори спогодбено или да ја реши судот. Препорачуваме ангажирање на адвокат за да се заштитат вашите права.

Старателство над деца

При развод со малолетни деца, судот одлучува за старателството водејќи се од најдобриот интерес на детето. Факторите што се земаат предвид вклучуваат:

  • Возраста на детето
  • Емотивната врска со секој родител
  • Условите за живеење кај секој родител
  • Желбата на детето (доколку е доволно возрасно)

Алиментација

Родителот кој нема старателство е должен да плаќа алиментација (издржување) за детето. Износот се определува врз основа на потребите на детето и финансиските можности на родителот. Алиментацијата може да се промени доколку се променат околностите.

Совет

Доколку размислувате за развод, препорачуваме прво да се консултирате со адвокат. Една консултација може да ви заштеди многу време, пари и стрес. Нашата канцеларија нуди дискретни консултации — контактирајте нè за да ја разгледаме вашата ситуација.

Бесплатна консултација

Ви треба правна помош?

Каков правен проблем имате?

Изберете област